Доза оптимизам за сите „вечни“ студенти: Дипломираше 55 години откако запиша факултет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дарлен Малинс дипломираше на државниот универзитет Тенеси, во Нешвил, после повеќе од пет децении откако ги запишала студиите на тој факултет

Малинс ги напуштила студиите откако го сретнала својот денешен сопруг и одлучила да се омажи. 72-годишната старица се потсети како се заљубила во својот маж кога го видела во кафулето од факултетот. Џон Малинс тогаш бил апсолвент.

„Беше најзгоден во кампусот. Бев нервозна бидејќи имав само 17 години и се сеќавам дека ја прашував мојата цимерка дали гледа во мене. Таа ми потврди. Тогаш восхитено реков дека тој ќе ми биде маж“, се потсетува Дарлен.

Се запознале меѓу себе, а останатото е историја. Откако тој дипломирал, таа го напуштила факултетот. Тоа било срцепарачко за нејзините родители ои сакале нивната ќерка да стане следанта Вилма Рудолф на Олимпијадата во 1964 година.

„Знаев дека тоа ќе ги повреди моите родители, бидејќи мојот татко беше тркач, а јас бев една од првите жени атлетичарки кои трчаа на траката Penn Relays во 1961 година. Тоа беше мало разочарување за нив, но кога го запознаа мојот сопруг веќе не им беше криво“, додава таа.

Во меѓувреме станала фризерка, но знаела дека сака да го заврши факултетот и да има диплома. Отсекгаш ги советувала своите деца да го завршат она кое го започнале. Учела напорно и дипломираше на интердисциплинарните студии.

„Беше прекрасно чувство“, вели оваа баба на четири внучиња.

На доделувањето на дипломите беа присутни 40 членови од нејзиното семејство и потесниот пријателски круг и сите беа исклучително горди на неа.

„Нејзината приказна е приказна за жртвување, за одлучност, љубов кон сè, љубов кон семејството и образованието. Таа е вистински пример за студентите и другите луѓе никогаш да не се откажуваат од своите соништа. Секогаш била дел од нашето семејство, а сега сме среќни што можеме да ја поздравиме и како постара дипломка“, изјави претседателката на универзитетот Гленда Гловер.

Дарлен изјави дека би сакала да работи на универзитетот за да им помага на младите луѓе да ги остварат своите соништа.