Доцна синоќа, со 62 гласа ЗА и 46 ПРОТИВ, изгласана новата влада на премиерот Димитар Ковачевски


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со гласовите на 62 пратеници кои гласаа ЗА, 46 беа против, немаше воздржани, синоќа, нешто по 23.30 часот беше избрана новата Влада, на која премиер е лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Во салата беа присутни 108 пратеници, од страна на власта 62, од страна на опозицијата 46 пратеници.

На чинот на гласање присутни беа 108 пратеници, 62 од редот на владејачкото мнозинство и 46 од опозицијата, што треба да значи дека гласањето беше и според партиската припадност.

По чинот на гласањето претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека на дводневната собраниска седница 35 пратеници имаа збор, од кои 18 од опозицијата и 17 од парламентарното мнозинство и дека имашев вкупно 63 реплики. Џафери ги повика премиерот Ковачевски и членовите на неговиот кабинет на дадат свечена изјава.

Откако свечената изјава беше дадена и потпишана, Џафери на премиерот и министрите им го честита изборот и потоа констатира дека на досегашната Влада ѝ престанал мандатот.

Овој владин кабинет предводен од СДСМ има за еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што ѝ припадна на Алтернатива.

Ковачевски има четворица заменици, Артан Груби (ДУИ) – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска (СДСМ) – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ (СДСМ) – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи (СДСМ) – вицепремиерот за економски прашања.

За членови на Владата се избрани: Оливер Спасовски (СДСМ) – министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска (СДСМ) – министерка за одбрана, Никола Тупанчевски (предложен од СДСМ) – министер за правда, Благој Бочварски (СДСМ) – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски (СДСМ) – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска (СДСМ) – министерка за труд и социјална политика и Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) – министерка за култура, Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа, Беким Сали од Алтернатива – министер за здравство, Јетон Шаќири (ДУИ) – министер за образование и наука, Бујар Османи (ДУИ) – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими (ДУИ) – министер за финансии, Крешник Бектеши (ДУИ) – министер за економија, Насер Нуредини (ДУИ) – министер за животна средина, Адмирим Алити од Алтернатива, министер за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи од Алтернатива – министер без ресор задолжен за дијаспората.