Досудена смртна казна за пет лица вмешани во убиството на новинарот Кашоги


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Саудиското обвинителство соопшти дека досудени се пет смртни казни за лица вмешани во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Дополнително, за овој случај, три лица се осудени на казна затвор од вкупно 24 години.

Кашоги кој живеше во САД и беше колумнист на „Вашингтон пост“, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Случајот предизвика меѓународна осуда.

Разузнавачките служби на САД заклучија дека убиството го наредил саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Обвинителството во Саудиска Арабија денеска објави дека поранешниот советник на принцот, Сауд ал Кахтани, не бил вмешан во убиството. САД го санкционираше Ал-Кахтани за наводната улога во операцијата.

Кашоги последен пат бил виден на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул. Се претпоставува дека неговото тело е извадено од зградата, но посмртните останки не се пронајдени.