Досуден притвор за Јанакиески и Ристовски, Велјаноски има пратенички имунитет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот прв човек на министерството за образование, Спиро Ристовски, заедно со бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески добија притвор и се префрлени во притворското одделение во Шутка, после распитот во Кривичниот суд.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски нема да биде притворен зашто има пратенички имунитет.

Доцна вчера попладне полицијата, под сомнение дека се едни од петтемина организаторите на настаните со упадот во Собранието ги приведе поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Како недостапени, а осомничени се водат поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски.