Доста не „лажат“ по мапите – еве колку навистина е голема Африка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога ќе погледнете некоја стандардна мапа на светот, одма во очи ви паѓа дека од континентите Африка не е баш нешто голема. Но, фактичката реалност е дека Африка е најголема, бидејќи има поголема површина од Кина, Индија, САД и најголемиот дел од Европа заедно.

На стандардна рамна мапа на светот Гренланд е голем речиси колку Африка, во реалноста Африка е 14 пати поголема од Гренланд. И тука проблемот не е чисто расизмот и европската агенда за ментално поробување и дотепување на Африканците, туку и тоа што е реално тешко површина на сфера да ја пресликаш на правоаголник.

Проблемот во ова пресликување главно се јавува на три точки: двата пола и екваторот. Во основа колку е поблиску државата до Јужниот и Северниот пол, и подалеку од Екваторот, толку повеќе нејзината површината е претерано зголемена.

Заради ваквата „грешка“ глобалната слика за Африка е целосно искривена. Истото важи и за Саудиска Арабија која, без разлика како изгледа на мапата, има поголема територија од Франција, Шпанија, Германија и Полска заедно.

Најголем ќар од проблемот со конверзијата меѓу двете геометриски форми, освен Гренланд, имаат Русија и Канада, кои се граничат со Северниот пол, и чија издолженост на глобусот прави да изгледаат неосновано големи.

За подобра споредбена перспектива – Африка има 30,4 милиони километри квадратни. Русија, која и по овие корекции останува најголемата држава на светот, има 10 милиони километри квадратни.