Доста лигаво: Приказната како Доналд и Меланија завршија заедно не е воопшто симпатична


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Беше тоа во 1998 година. Тогаш 52-годишниот Доналд Трамп една година живееше разделен од својата втора сопруга Марли Мејплс, а се шушкаше дека е во врска со норвешката наследничка Селина Миделфарт, која во тоа време беше во своите 20-ти години.

За време на нејзините студии во Њујорк, Селина изнајми стан во кулата од Трамп и така го запозна денешниот претседател на САД.

Следната година Трамп беше на забава од Њујоршката модна недела во клубот Kit Kat на Менхетен. На таа забава беше очигледно дека не му е никаков проблем фактот што е во врска кога станува збор за „пуштање“ на други жени, а тоа стана посебно јасно кога ја виде Меланија.

„Полудев. Таму требаше да запознаам друга жена, таа беше супермодел и седеше покрај Меланија. Требаше да завршам со неа. Ми рекоа: Види, таму е таа и таа, а јас реков: Баталете ја неа, која е таа што седи лево“, „романтично“ се потсетува Трамп во описот на моментот на првата средба со Меланија, во шоуто на Лери Кинг во 2005.

Меланија тогаш имаше 28 години, а во Њујорк беше веќе две години. Како што подоцна откри, во клубот ја повикал организаторот на забавата, италијанскиот бизнисмен Паоло Замполи. Токму тој ја „открил“ Меланија и се погрижил да добие американска виза, а тој е и човекот кој ја запознал со Трамп.

„Го сакаше мојот број, но во тој момент беше на љубовен состанок, па секако дека не му го дадов. Му реков дека не му го давам бројот, тој да ми го даде неговиот и дека јас ќе му се јавам. Ме интересираше каков број ќе ми даде, ако ми го даде својот деловен телефонски број, ништо од работата со него“, подоцна откри Меланија за Harper’s Bazaar.

Трамп, за секој случај, ги дал на Меланија сите свои постоечки броеви, и тој од канцеларијата, и тој од резиденцијата во Мар-а-Лаг и тој од станот во Њујорк. На првиот состанок ја одвел на вечерва во Moomb, популарен клуб во кој одеа славните фаци, пренесува New York Times. Еден месец подоцна ја одвел со својот приватен авион во Палм Бич.

„Го сретна Доналд во вистинско време, беше при крај со пари и на работ да се пресели во источна Европа“, откри за New York Times една нејзина пријателка.

Седум години подоцна тие се венчаа, а денес таа е првата дама на САД која неодамна се всели во Белата куќа. Вистинска модерна „бајка“, нели?