Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Албинизмот кај животните е невообичаена и ретка појава, па секое вакво животно неминовно го привлекува вниманието на луѓето, а често и на другите животни, како припадници на својот вид, така и на други.
Неодамна, на социјалните мрежи, огромен интерес предизвика видео од три метри долг албино кит, кој е снимен како плива со својата мајка во австралиските води.
Уште поинтересно е ако се знае дека во тие води досега е виден само еден таков кит. Тој го доби името Мигалу и, всушност, не е виден во последните три години. Се шпекулира дека ова малечко би можело да биде негово потомство бидејќи албинизмот кај китовите е исклучително редок. Дури и ако двајцата родители имаат рецесивен ген, шансата нивното потомство да биде посветло , е само 25 проценти.
Затоа, јасно е зошто овој мал кит привлече големо внимание ширум светот. Австралијците се надеваат дека Мигалу ќе се појави некаде, дека некој ќе го види, бидејќи китот е навистина сакан од локалната јавност. Досега се видени само три албино китови, а овој малечок е четвртиот. Тоа јасно покажува колку се ретки и посебни.