Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И после скоро десет месеци од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, неговите најголеми обожаватели секојдневно се дружат во Фејсбук групата „Đotovi“, во која членуваат повеќе од 55 илјади луѓе.
Официјалниот фотограф на Балашевиќ, Петар Киршнер од неодамна е активен во групата. Тој во групата објави (клик на објави за албумот) седумдесетина фотографии од концерти и дружење со легендарниот кантавтор. Дел од нив се прв пат прикажани во јавноста.
– Она што отсекогаш ми беше фасцинантно е што секој концерт беше тотално различен, особено „Календар мог дјетињства“, значи на секој настап тој го кажуваше истото сосема поинаку и секој пат беше исто напнато и интересно. Овие концерти можеа да траат и до 4 часа, тој не мрдаше од сцената, зборуваше, пееше и уживаше. Во една прилика, мислам дека беше во Копривница, една жена од првиот ред сакаше да оди во тоалет, тој ја прекина приказната и беше толку налутен (се разбира на негов начин) па госпоѓата многу брзо се врати во своето место, изјави фотографот за „Index .hr“.
Подолу можете да видите уште една колекција фотографии која Киршнер ја објави како последен поздрав до Балашевиќ.