Досега 6.820 лица починати од коронавирус во Италија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако имаше дводневен позитивен тренд на опаѓање на бројот на починати лица од коронавирус во Италија, истиот вчера беше прекинат со новопочинатите 743 лица во период од 24 часа.

Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица. Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, така што вкупниот број сега изнесува 54.030.

Франција го помина прагот со 1.100 смртни случаи од корона вирусот во болниците , тука не е вклучена бројката од смртните случаи во старечки домови, јави дописникот на МИА.

Франција ќе има можност да прави 29.000 тестови на ден од следната недела, наспроти 9.000 во моментов, најави генералниот директор за здравство.

85 отсто од починатите се на возраст од над 70 години. Истовремено 328 лица биле излечени од почетокот на епидемијата.