Дортмунд и Легија испишаа историја-срушени многу рекорди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд и Легија одиграа историски меч во Лигата на шампиони кој заврши со резултат 8:4, што и овицијално е меч со најмногу голови во ова натпреварување.

Погодоци како на филмска лента, натпревар за уживање во кој беа урнати неколку рекорди. Еден од нив вели дека за првпат во историјата на елитното натпреварување се постигнати пет гола во 24 минути, за првпат во историјата на ЛШ се постигнати седум гола за 32 минути.

Дортмунд исто така стана првиот тим кој најбрзо постигнал три гола, односно 3 минути и 18 секунди, како и пет гола за 16 минути.

Избраниците на Томас Тухел го изедначија и рекордот на Баерн Минхен од пет погодоци во првото полувреме.

Хет-трик постигна Марко Ројс, два гола даде Шинџи Кагава, листа на стрелци на страна на „милионерите“ ја продолжија и Нури Сахин, Осман Дембеле и Феикс Паслак.