Дорис Драговиќ со нов спот после 10 години пауза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хрватската пејачка Дорис Драговиќ ги изненади нејзините обожаватели со нова песна и спот за истата. „Брод за набоље“ е нејзин прв самостоен спот во последните 10 години.

Песната е напишана од Иван Хуљиќ, син на Тончи Хуљиќ кој со Дорис Драговиќ соработуваше на нејзиниот последен албум „Ја вјерујем“.

По повод објавувањето на новата песна, Драговиќ истакна дека, во доба на YouTube и постојанјо броење кликови, таа и понатаму е заинтересирана исклучиво за квалитет.

„Бројките никогаш не ми биле важни, туку само убавината на уметноста и душата. Истата таа убавина ме привлече кон песната, а тоа е она кое луѓето, публиката го чувствуваат. Зарем не сме сите желни за тоа?“, коментираше Дорис.

Спотот го режираше Војан Коцеиќ, а во него Дорис неодоливо потсетува на нејзиното издание од „Марија Магдалена“, со која ја претставуваше Хрватска на Песна за Евровизија во 1999 година.