Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако првично доби казна од 20 евра за неносење маска, вицепремиерот Артан Груби сега доби уште една казна од 500 евра од Државниот инспекторат за труд.
По надзорот во Министерството за политички систем, Инспекторатот утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски. Казната мора да ја плати во рок од 8 дена.
Инаку, МВР казни 15 функционери на ДУИ за неносење маска кои беа присутни на роденденската прослава на Али Ахмети . На масата беше и Назим Буши, заменик-министер на МВР, за кого Спасовски кажа дека е казнет и дека затоа сега носи маска.
Од друга страна пак, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека фактот што функционерите на ДУИ јавно рекле дека ќе ја платата казната, покажува дека законот важи за сите.
Инаку, настанот се случи за време на промовирањето на новите канцеларии на Министерството за политички систем на 4-ти јануари, каде интегративците освен што не носеа маски, го славеа и роденденот на партискиот лидер, Ахмети.