Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милијардерот Ворен Бафет најави оставка од местото повереник на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Откако пред 15 години се обврза да го даде своето богатство од управувањето со компанијата Беркшир Хатавеј, тој донираше половина од своето богатство во добротворни цели.
90-годишниот Бафет вчера изјави дека веќе со години е „неактивен повереник“ во фондацијата, но дека тој целосно го поддржува извршниот директор Марк Сузман и дека нивните цели биле „100% синхронизирани“. Милијардерот не објасни зошто поднесува оставка, пишува Ројтерс.
Бафет исто така најави дека Фондацијата Гејтс и четири семејни добротворни организации ќе донираат повеќе од 4,1 милијарди долари или скоро 15,2 милиони акции на Беркшир, како дел од неговото ветување дека ќе донира 99% од својата нето вредност.
Од 2006 година, Бафет донираше повеќе од 41,5 милијарди долари во акции на Беркшир, од кои 32,7 милијарди долари на Фондацијата Гејтс. Вкупниот износ на неговите донации сега вреди околу 100 милијарди долари бидејќи се зголеми цената на акциите на компанијата Беркшир.
Да не донираше Бафет голем дел од своето богатство, тогаш неговото богатство ќе беше приближно еднакво на она на Џеф Безос, основачот на Амазон и најбогатата личност на светот според списанието Форбс.