Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Кристофер Демпси одлучил да донира половина од својот црн дроб за непозната жена, не можел ниту да замисли дека таа одлука ќе му го промени животот и во каков правец ќе го одведе.
Бившиот американски маринец, во моментот кога се одлучил да го спаси животот на непозната личност, не можел ни да сонува дека токму таа личност еден ден ќе му стане сопруга.
Нивната љубовна приказна започнува кога Демпси случајно го наслушнал разговорот на Хедер Кругер за време на една пауза на работа во едно место јужно од Чикаго.
Хедер била во четврт стадиум од болест на црниот дроб. Со болеста се борела две години, а лекарите ја известиле дека има мали шанси да ги преживее наредните два месеци доколку не најде донор, пренесува ВВС.
Нејзиното семејство се борело и тркало со времето за да најде донор, што е исклучително тешко во САД бидејќи таму речиси 120.000 годишно чекаат за донор на црн дроб. Демпси го чул разговорот од Хедер и одлучил да се запознаат и да ја понуди својата помош.
Откако прегледите и тестовите покажаа дека нивните крвни компоненти се совпаѓаат, операцијата била закажана за февруари, 2015 година, а тие двајца до операцијата поминале доста време дружејќи се заедно. И двајцата биле нервозни и преплашени, но во исто време почнале да си се допаѓаат еден на друг.
Осум месеци после успешната трансплантација, Демпси ја побарал за сопруга Хедер, се венчаа и денес имаат среќен и здрав брачен живот.
„Ниту во најлудите соништа не би помислил дека ќе се венчам со целосно непозната личност на која одлучив да ѝ го спасам животот“, изјави Демпси.