Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вчерашната владина седница Александар Донев беше разрешен од функцијата директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Донев предизвика внимание во јавноста откако леташе со бизнис класа за неговата работна посета во Аргентина, при што платил околу 4.000 евра.
Тој вети дека ќе ги врати парите што ги потрошил на патувањето, но се уште тоа го нема сторено. Како што кажа Донев, парите ќе ги донира за проект на министерството за труд и социјална политика за соба за деца со посебни потреби.