Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако стана јасно дека Интер не може да стигне до Антонио Конте и Диего Симеоне се насочи кон друга мета, а италијанските медуми пренесуваат дека е веќе донесена одлука и познат е новиот тренер на „нероаѕурите“.
Имено, новите сопственици имаа состанок со директорите Аусилио и Сабатини и донесена е одлука да му биде понуден договор на Лучијано Спалети, кој на крајот на сезоната ја напушта Рома.
Медиумите тврдат дека е веќе постигнат договор и дека Спалети ќе потпише договор на три години според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Тоа значи дека Спалети ќе биде решение на подолг период, а раководството му ветило голем трансфер буџет и засилувања по негова желба.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека тренерот сака со себе од Рома да ги донесе дефанзивецот Рудигер и играчот за врска Кевин Стротман.