ДОНЕСЕН ПРЕДЛОГ ЗАКОН: Албанскиот втор службен на цела територија, Македонија станува двојазична!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Владата синоќа донесе предлог закон за употребата на албанскиот јазик со кој квалитативно се зголемува употребата на овој јазик што излегува надвор од рамковниот договор. Доколку собранието го изгласа, Македонија и де факто ќе стане двојазична држава на целата територија, а во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.

Делови од Тиранската платформа која крена огромна фама во Македонија и беше причина за двомесечни протести кои завршија со трагичниот настан и упадот во Собранието на 27 април, почнаа да се реализираат. Владата синоќа донесе предлог закон за употребата на албанскиот јазик, а за да може брзо да помине во Собрание, го содржи знакот на Европската унија, што значи дека станува збор за приоритетен закон кој треба да се донесе преку брза постапка.

Како што објави АлсатМ, во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.

Предлог-закон за јазикот:

„Униформите на полицијата, пожарникарите, во здравството во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
За двојазичност на униформите на Армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.

„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“

Ова значи дека не се предвидува албанскиот да се користи и на парите, туку само на нив да се аплицирата елементи значајни за Албанците. Според информациите на АлсатМ, за разлика од Уставот, во законот експлицитно се наведува терминот „албански јазик“. Имено, во Уставот актуелно не се споменува албанскиот јазик, туку само формулацијата „јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“. Во членот 1 од законот се наведува:

Член 1

На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

Исто така, се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма на целата територија. Институциите ќе имаат обврска да им овозможат на граѓаните да ги користат и применуваат тие службени јазици. Инаку, предлог-законот е можно веќе утре да биде испратен во парламентарна постапка, информира АлсатМ.

1 COMMENT

  1. […] Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Охрид ја образложија потребата од донесување на предлог законот со кој албанскиот де факто станува втор службен јазик на целата територија на Македонија (прочитајте овде). […]

Comments are closed.