Актуелно

Донесен нов правилник за изгледот на полициските службеници во Србија!

Министерството за внатрешни работи на Србија донесе правилник за изгледот и однесувањето на полициските службеници. Во него е опфатено како треба тие да изгледаат и да се облекуваат, колкави да им бидат мустаќите и каков лак смеат да имаат на ноктите.

Новите правила неодамна ги одобри српската влада, а кога ќе стапат во сила, на дамите во полицијата нема да им биде дозволено да носат флуоресцентни и лакови во силни бои, накит, како и нападна шминка. За службениците во униформа се пропишуваат дури и правила како треба да изгледа нивната фризура – па, така, кркми не се дозволени, а доколку имаат долга коса, таа треба да биде врзана во опавче.

На припадниците на посилниот пол, кои носат мустаќи, не смеат да им бидат предолги, а доколку ги бојадисуваат, тоа е дозволено само во природна нијанса слична на бојата на косата. Забранети се пирсинг и тетоважи на видливи места, косата не смее да ги покрива ушите, а на јавно место полицајците исто така не смеат да носат очила за сонце во појаки бои.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top