Advertisements
Вебкафе

Донациите рушат рекорди: Собрани над 1 милијарда евра за Нотр Дам

По само два дена откако беше опожарена и сериозно оштетена во некои делови од нејзината структура, како и експонатите и културно-уметничките реткости кои беа изложени во неа, за обнова на катедралата Нотр Дам се собрани речиси една милијарда долари кои беа донирани од верници и моќни бизнис могули од сите страни на светот.

Едно од главните обележја на француската метропола, катедралата Нотр Дам стара 850 години е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена. Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата.

Стотици луѓе се собраа синоќа на молитва во близина на катедралата, палејќи свеќи и пеејќи верски песни од црквата Сен Суплис.

На собраните луѓе им се придружи и оркестар кој свиреше пред статуата на Дева Марија. Поддршка за Нотр Дам испрати и папата Франциск, во обраќањето на плоштадот Свети Петар.

Папата рече дека се надева оти напорите за реставрација би можеле да бидат хармонично дело на пофалба и слава на бога.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, пак, изјави дека катедралата Нотр Дам, ќе биде обновена и дека има многу работа што претстои. Тој им се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош.

Ќе ја изградиме катедралата Нотр Дам и ќе ја направиме уште поубаво. Верувам дека тоа ќе го направиме за пет години. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа и ќе се мобилизираме. Вистински мислам дека од нас зависи дали ќе ја надминеме оваа катастрофа, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Advertisements
To Top