Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На социјалните мрежи веќе околу една седмица се споделува линкот за донации на страницата Gofundme, и веќе се собрани околу 2.000 долари, додека во објавата е наведено дека целта на акцијата е да се соберат 5.000 долари за помош на Атиџе.
„Суперхеројот од документарниот филм „Медена земја” номиниран во две категории на Оскарите, една од ретките која одгледува диви пчели, има едноставна желба, да ја поправи старата куќа која и беше подарена од режисерите на филмот. Таа живее во Дорфулија и сѐ уште оди во планините да се грижи за пчелите. Таа нема пензија, ниту, пак, е вработена, а ветувањата на властите за нејзино вработување исчезнаа. Ја посетив во септември, таа е прекрасна личност, заслужува подобра иднина. Живее од социјална помош од околу 80 до 100 долари месечно, што не е доволно. Кога филмот го обиколи светот, таа го направи секој Македонец горд, сега е наш ред да ја изненадиме со мал гест. Таа ги сака луѓето, ајде да ја израдуваме“,појаснето е на страницата за донации, којашто ја креирала Мариа Дуда Дибиаџо.
Според објавеното, околу 60 лица донирале суми од по десет, дваесет, педесет долари.
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако беа објавени броеви на кои граѓаните може да донираат за помош на познатата Атиџе Муратова, главниот лик на македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар, Медена земја. Граѓаните ги споделуваат броевите ама икоментираат како државата може да дозволи токму таа да биде во ситуација да чека на донирани пари за да има свој дом, во кој ќе ја помине зимата.
Револтот е поголем особено што по номинирањето на филмот за Оскар, многумина во државата беа во родното село на Муратова, во Бекирлија и и ветуваа многу. Такви најави имаше и од локалните и државните власти, но попусто.
Инаку за Атиџе прво беше отворен линк за донации на страницата Gofundme, сега се објавува и број на трансакциска сметка на која може да се префрлаат пари.
Инаку во март лани продукцијата на документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска самата организираѓе донаторска кампања за помош на протагонистите во филмот односно на Атиџе и номадското сточарско семејство на Хусеин и Љутвие со 8 деца. Исто така на официјалната веб-страница на филмот honeyland.earth беше поставен линк, каде со нарачка на мед се донираше за нив. Со парите требаше да се помогне да се изгради куќа за Атиџе и да се обезбеди школување за децата.
Пред извесно време односно во септември хероината Муратова се пожали дека има проблеми, односно дека некој оссед ја малтретира. Тогаш од Министерството за труд и социјална работа изјавија дека случајот е под надзор, а градоначалникот на Лозово подцна рече дека проблемот е решен, а соседот ветил дека нема да ја малтретира.
„Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки“, изјавија тогаш од МТСП.