Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума синоќа се врати на Сан Сиро во дресот на италијанската репрезентација, прв пат после неговиот трансфер во ПСЖ.
Навивачите кои беа присутни на вчерашниот натпревар од самиот почеток испраќаа свирежи за Донарума. Тие се бесни на него поради одбивањето да го продолжи договорот со Милан и преселбата во ПСЖ.
Селекторот Роберто Манчини после натпреварот застана во одбрана на Донарума, а италијанските медиуми пренесуваат дека Донарума многу тешко го поднел приемот на Сан Сиро.
Имено, после натпреварот младиот голман плачел во соблекувалната поради свирежите на неговите поранешни навивачи, кои не му го простија трансферот во ПСЖ.