Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иднината на Џанлуиџи Донарума веќе подолго време е главна тема на Апенините, а со последната изјава младиот голман најверојатно ги отстрани сите дилеми.
Милан му понуди нов договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона и ќе биде еден од најплатените голмани во светот, но сеуште нема пристигнато официјален одговор до Донарума и неговиот агент Мино Раиола.
Медиумите пренесуваат дека рокот за донесувањето на конечната одлука истекува за два дена, а денес Донарума се огласи во италијанските медиуми и проговори за својата иднина.
„Сите знаат дека мојата желба е да останам во Милан. Во овој момент барам поголема куќа во градот за да живеам заедно со моето семејство. Мирен сум, сите страни кои се вмешани во преговорите ја знаат одлуката која ја донесов. Јас сум многу приврзан за боите на Милан. Мино и Енцо Раиола кои се мои агенти го знаат тоа“, изјави Донарума.