Донарума добива „договор од соништата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новите сопственици на Милан се спремни да му понудат богат договор на Џиџи Донарума со што младиот голман ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Донарума со само 17 година веќе стора сезона е прв голман на Милан и со своите квалитети го воодушевува целиот свет, а особено европските гиганти кои се спремни да потрошат богатство за да го доведат во своите редови.

Сепак, Милан не ни помислува да се откаже од својот бисер и спрема нов, мултимионски договор за фантастичниот млад голман кој сеуште не е полнолетен.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Кинезите кои ќе го преземат Милан веќе спремиле 50 милиони евра за новиот договор на Донарума.

Имено, Џиџио ќе добие нов петгодишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона плус бонуси и ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А, а договорот треба да биде потпишан на 1-ви јули.

Во моментов Донарума има аматерски договор бидејќи е малолетен и заработува само 160.000 евра годишно.