Доналд Туск утре доаѓа во посета на Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Европскиот совет, претседателот Доналд Туск, утре доаѓа во посета на Република Македонија.

Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.