Доналд Трамп отповикан од страна на конгресниот Претставнички дом


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во историско гласање, американските конгресмени ја изгласаа иницијативата за отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, заради злоупотреба на службената функција и непочитување на Конгресот.

Трамп е третиот претседател во американската историја кој бил отповикан во Претставничкиот дом. Неговиот случај сега се префрла во Сенатот, каде 100 сенатори како порота ќе ги слушнат причините и образложенијата на истите за импичментот на Трамп, па ќе одлучат дали тој ќе остане во Белата куќа.

Домот гласаше по две обвиненија: дека Трамп ја злоупотребил моќта и дека ја попречувал работата на Конгресот и по двете точки речиси сите демократи гласаа „за“, исто како што речиси сите републиканци беа „против“, за на крајот резултатот да биде 230:197. Додека се одвиваше гласањето, Трамп држеше говор на еден митинг.

Веднаш по одлуката за негово отповикување,Трамп ги обвини демократите дека се обидуваат да ја поништат неговата победа на претседателските избори и легалноста на неговата функција.

„Додека ние создаваме работни места и се бориме за Мичиген, радикалната левица во Конгресот е обземена од завист, омраза и гнев и гледате што се случува“, кажа Трамп.

Белата куќа издаде соопштение во кое што кажа дека „претседателот е сигурен дека ќе биде целосно ослободен од Сенатот“.