Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се подготвува за славење и само чудо може да ја доведе демократката Хилари Клинтон директно во Белата куќа. Во моментов Трамп има 247 изборни гласови а Клинтон 215. Популарните гласови за Трамп – 56,505,857 а за Клинтон се 55,323,053.
Во кампот кај Клинтон е депресивно, сите се во шок, додека Трамп го подготвува победничкиот говор, така барем велат медиумите. Но, во кампот во Силвер Спринг, Мериленд, каде што се наоѓа дописничката на Нова ТВ Билјана Секуловска, чија изјава ја пренесуваме, тишината е застрашувачка, вели таа. Едно време се исклучија и телевизорите кои ги пренесуваа резултатите, прилично прецизни, на Си-Ен-Ен.
Аналитичарите, опинион мејкерите и особено кампот на Клинтон се шокирани од неможноста да предвидат сериозна можност за победа на Трамп. Сите предикции се движеа во насока дека ќе биде тесна победа за Клинтон.
Пол Кругман во Њујорк тајмс напиша вечерва „ова е неверојатно ужасно. Не можам јас, како и веројатно голем број на читатели на Тајмс не можат да разберат во каква земја живееме. Мислевме дека нашите сограѓани нема да гласаат за неквалификуван кандидат, несоосдветно темпераментен, така застрашувачки. Мислевме дека нацијата е отворена и толерантна, далеку од расистички предрасуди и омраза кон жените. Мислевме дека мнозинството Американци ги ценат демократските норми и владеењето на правото. Се испостави дека не бевме во право. Се испостави дека голем дел бели луѓе кои живеат во руралните средини не ја делат нашата идеја за тоа што е всушност Америка“.