Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
11-годишно момче од САД беше жртва на насилство од неговите врсници само затоа што неговото име е исто како она на американскиот претседател – Трамп.
Џошуа Трамп од Вилмингтон нема никаква роднинска врска со претседателот. Неговите родители велат дека другите ученици во одделението го нарекуваат „идиот“ поради презимето и му велат дека е „глупав“.
Џошуа е една од 17 личности кои претседателот и првата дама го повикале да присуствува на говорот за состојбата на нацијата. „Оставете го детето на мира“, апелираат Доналд и Меланија за непријатностите кои ги има малиот Џошуа.
Неговите родители Меган и Боби Трамп рекле дека малтретирањето на нивниот син во училиште започнало во 2015 година кога Трамп ја објавил својата кандидатура за претседател.
„Рече дека се мрази себеси и своето презиме, и дека е постојано тажен и дека не сака таму да живее“ – рекла неговата мајка.