Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славните женски фаци од рангот на Рита Ора, Кендал Џенер и Викторија Бекам се почувствувале навредени од страна на новопечената војвотка Меган Маркл за време на доделувањето на модните награди во Лондон.
На насловните страници на британските таблоиди осамна саркастичниот и зајадлив наслов „Don’t touch duch”, (Не ја допирајте војвотката), бидејќи телохранителите не дозволиле никој да и се приближи на војвотката од Сасекс. Дел од телохранителите биле во делот на бекстејџот , така што ѕвездите не можеле да поминуваат.
Неколку од познатите ѕвезди како Бекам, Џенер и Ора сакале да се поздрават со Меган, но им било забрането и да се приближат кон задниот дел од бината.
View this post on Instagram
Најблиску до британската војвотка се приближила британската модна дизајнерка Клер Вејд Келер која ја добила главната награда од рацете на Меган.