Вебкафе

Домино од бесни 150.000 евра – дознајте зошто е толку скапо

Најскапиот домино сет на светот е најновиот производ на германската компанија „Лиеб Мануфактур“, сместен во специјално креирано мермерно пакување. Неговата цена изнесува вртоглави 150.000 евра.

23-12-domino-by-lieb-manufaktur2

Секое парче е изработено од злато и декорирано со дијаманти, а со тоа „Домино Лиеб Мануфактур“ претставува пример за посветено внимание на деталите и вредноста на безвременската елеганција. Сетот е составен од 28 домини парчиња, со тежина од 2,4 килограми, изработени од чисто злато и 168 дијаманти.

23-12-domino-by-lieb-manufaktur1 23-12-domino-by-lieb-manufaktur4

Секое домино е направено по мерка од високо квалитетно 18-каратно злато и декорирано со дијаманти кои го даваат завршниот сјај и фантастичниот визуелен изглед.

23-12-domino-by-lieb-manufaktur3

Advertisements
To Top