Доменех: Како против Нејмар? Гризете го!


Моабет со Борче Стаменов, креаторот на "Донирај компјутер" ↓↓↓


Поранешниот француски селектор Рајмонд Доменех ги советува противничките одбрани да преземат радикални решенија во обидот да го запрат Нејмар, па дури и тоа да вклучува физички повреди.

Доменех не верува дека одбраните на француските клубови имаат квалитет да го запрат атомскиот напад на ПСЖ, па им порачува да прават буклано се за да го запрат Бразилецот.

„Секој кој треба да го чува Нејмар би пристапил на свој начин, но ако се прашувам јас – јас би се прилепил за него, би му покажал кој сум, максимално ќе му отежнам, па ако треба и ќе го гризам“, изјави Доменех.

„Прашање е само дали и тоа би било доволно да се запре. За жал за тренерите во француската лига немам никаков подобар совет“, додаде екс селекторот.