
Сите знаеме дека е тешко да се најде конкуренција на вистинскиот француски багет, толку крцкав и вкусен.
Во својата запечена верзија од рерна, станува почесен член на нашите трпези, особено за време на филмските вечери. Но, дали некогаш сте пробале домашна варијанта? Нејзиното приготвување е едноставно како сечење леб (буквално), а вкусот е бесконечно прилагодлив кон тоа што го имате во фрижидерот. Резултатот е багет во своето најсофистицирано издание, подготвен да исчезне од чинијата за миг.
ПОТРЕБНО – за 6 до 8 порции:
- 1 векна леб
- 1 шолја песто сос
- 350 г моцарела сирење, тенко исечено
- екстра девствено маслиново масло
- сол и бибер
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете тава со хартија за печење. Лебот исечете го надолжно на подебели парчиња, но не до крај. Целта е лебот да ја задржи својата форма, но да остане исечен на кришки. Истата постапка повторете ја и попречно за да добиете мали коцки од лебот.
Со помош на пластична шпатула или нож за путер, нанесете песто сос врз лебот и прелијте го со маслиново масло. Нема потреба од прецизност – повкусно е кога ќе „сгрешите“. Потоа, ставете го моцарела сирењето во создадените процепи и притиснете ги парчињата надолу за да не виреат премногу. Вашата мисија е растопеното сирење да остане внатре во лебот.
Печете во рерна околу 15 минути, додека сирењето не се растопи. Послужете веднаш.