Домашен рецепт за антибактериски гел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секогаш кога има зголемен ризик од заболување од грип или друго вирозно заболување, како што е моменталната ситуација во светот, антибактерискиот гел се користи како ефикасен начин да се ослободите од повеќето микроби.

За што се користи антибактерискиот гел?

Антибактерискиот гел и другите средства за дезинфекција ги убиваат речиси сите микроби што се наоѓаат на вашите раце и на површината што ве опкружува. Од бактериите до болестите има прилично краток пат, па вреди да си набавите еден ваков гел.

Исклучително е корисен во ситуации кога имате ограничен пристап до сапун и вода или кога сте на места каде што ризикот од инфекција е поголем, на пример во козметички салон или на училиште.

Антибактерискиот гел може да ја исуши кожата на рацете, па затоа не треба да се користи на иритирана или оштетена кожа. Ако гелот дојде во контакт со очите, исплакнете ги со млака вода.

Што ви е потребно за да направите домашен антибактериски гел?
Сад за дозирање (100 милилитри)
1-2 лажици салицилен алкохол
60 милилитри гел од алое вера
30 капки масло со антибактериско дејство (чајно дрво, еукалиптус, лаванда, каранфилче, цимет)
Можете да додадете малку масло со витамин Е за да ја заштитите кожата од сушење.