Должен како Грција: Најсексапилниот дедо на светот е во сериозни проблеми


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Го викаат „најсексапилниот дедо на светот“, но моментално, изгледот и атрактивниот животен стил не му се баш од помош на 50-годишниот Италијанец Џанлука Ваки, кој речиси секојдневно се фали со својот богаташки раскошен живот на Инстаграм, каде го следат речиси 11 милиони луѓе.

Имено, иако на своите снимки тој и понатаму делува безгрижно, танцувајќи и позирајќи, во реалноста има навистина сериозни проблеми, од типот дека му е запленета јахтата и неколку недвижнини, пренесува Unilad.

Откако беше упатен повик да му се помогне на наследникот на фармацевтската империја да го отплати својот долг од 10,5 милиони евра, интернетот реагираше на единствениот начин на кој знае да реагира во такви случаи – со ремет и шеги на сметка на разузданиот богаташ и неговиот хедонистички и расипнички начин на живот.

Ваки во својот живот нема работено ниту еден единствен ден, па екипа на социјалната платформа Фејсбук реши да го смени тој факт. Направија Фејсбук страница „Да му најдеме работа на Џанлука Ваки“, која предизвика голем интерес кај Фејсбук корисниците. Твитерашите, до друга страна, го „имитираат“ неговиот стил на живеење, па позираат пред педалини и пластични базени. Повеќето фотки се проследени со хаштагот #Enjoy, според насловот на книгата од Ваки, во која тој гордо објаснува зошто не сака да работи во семејната компанија.

Освен јахтата и неколкуте вили, одземен му е и уделот во голф теренот во Болоња, а Quotidiano Nazionale известува дека Веки има уште долгови за кои не се знае.

„Тоа е само мал долг“, изјави Ваки претходно, а на повикот да му се помогне нема баш многу реакции. Имено, досега собра околу пет евра, па очигледно „пред него е долг пат во спасување на својот имот“.