Долната облека од Ријана пуштена во продажба – дамите со саати чекаат за купување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колекцијата долна облека дизајнерски потпишана од славната пејачка Ријана, под наслов Savage X Fenty, официјално е пуштена во продажба.

Меѓутоа, дамите кои сакаат да дојдат до парче од оваа колекција со потпис од чоколадната убавица од Барбадос, мора да имаат многу трпение, бидејќи пред продажните центри во кои се продава оваа колекција се чека со часови, пренесуваа американските медиуми.

Ријана во својата колекција дизајнираше градници со широк распон на големини, од 32А до 44DD, како и долна облека со големини од ХЅ до 3XL. Само 12 часа после лансирањето на колекцијата, повеќето од големите конфекциски броеви од долната облека се распродадени.

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Со оглед на тоа дека Ријана се одлучи на поголема интернет продажба, некои купувачи со часови чекаат само за да влезат на нејзиниот сајт Savage X Fenty.

Според коментарите на социјалните мрежи, Ријана успеа да ги стави во редица сите жени на интернет. Меѓутоа, на дамите очигледно не им е проблем со часови да чекаат за да дојдат до парче од нејзината модна колекција.

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Модните критичари предвидуваа голем успех на оваа дизајнерска колекција од Ријана уште пред истата да биде лансирана.