Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Докторка која била бремена со прво дете вечерта помеѓу 6 и 7 јуни се појавила во ГАК и според протоколот го потполнила прашалникот во кој никаде не навела дека имала контакт со позитивен случај на ковид 19. Бремената докторка била примена и сместена во соба со уште две жени. Случајно еден вработен дознал дека нејзиниот свекор е сепак болен од корона вирус и веднаш алармирал, пренесува Телма.
Но, за драмата да биде уште поголема не скала да седи во изолација, не сакала ни да се тестира и на своја рака потпишала дека ја напушта клиниката. Од ГАК велат дека и рекле да седи дома, да носи маска и дека поради патолошката бременост ако и се влоши состојбата веднаш да се врати назад во болницата. Случајот не го пријавиле во полиција бидејќи сметале дека ке се врати. Но наместо тоа родилката отишкла отишла во приватна клиника. И таму не кажала дека е суспектна, па била породена со царски рез.
Од инфективна за Телма велат дека сега таа е во стабилна состојба. Според неофицијални податоци пак првиот тест на нејзиното бебе е негативен. Но двете жени родилки кои лежеле со неа се во изолација и ќе бидат тестирани. И двете сестри од ГАК кои вечерта биле на смена се во изолација, а со ова вкупно 17 работници од ГАК се со таква мерка откако претходно имаше една сестра заболена од коронавирус. И тимот од шестмина здравствени работници кои го извршиле царскиот рез во приватната болница се исто така во изолација. Според државниот здравствен инспекторат не би требало да има опасност за сите бидејки се почитувани мерките за заштита. Сега случајот со родилката лекарка се истражува и треба да се утврди дали таа сторила кривично дело. Во меѓувреме никој не може да потврди каде работела. Неофицијално се преставила како невработен лекар.