Докторка ја загуби својата докторска лиценца заради ОВИЕ „неморални“ фотографии


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Лекарка од Мјанмар, која сакала да стане модел, ја загуби докторската лиценца поради споделување на „неморални“ фотографии на социјалните мрежи на кои позира во бикини.

После неколку години лекување пациенти, Нанг Мве Сан почнала да споделува на социјалните мрежи фотографии на кои позира во костими за капење и почнала да аплицира на професионални снимања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

Но, во јануари оваа година, 29-годишната лекарка добила предупредување од Лекарскиот совет од Мјанмар да престане да објавува „провокативни“ фотографии и да ги избрише постоечките од нејзините профили.

Со оглед дека Нанг го игнорирала тоа предупредување, ѝ била укината медицинската дозвола. „Овде постои толкав сексизам“, изјави таа во интервју за New York Times.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

„Не сакаат жени на повисоки позиции. Им судат на жените според она што го носиме. Не сакаат дури ни панталони да носиме“, обвинува Нанг во интервјуто. Денес неа на Инстаграм ја следат над 100.000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

Мве Сан вели дека советот ја повикал претходно оваа година со предупредување да престане да се облекува на начин кој се коси со традиционалната мјанмарска култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

„Ми рекоа дека имам пореметување во однесувањето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

„Општеството не го поседува женското тело. Моето тело е мое право“, напиша Сан на Инстаграм.