Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот доктор-инфектолог Вело Марковски кој во јавноста стана популарен по своите гостувања и изјави поврзани со пандемијата од Ковид 19, денес официјално најави дека влегува во трката за Претседател на државата.
Според информацијата која денес беше споделена со медиумите, тој во четврток на официјален настан ќе ги објави своите намери за влегување во претседателската трка.
Во 2020 година Марковски стана дел од највисоките органи на опозициската ВМРО ДПМНЕ, но не е познато дали тој во претседателската трка ќе оди како предлог на оваа политичка партија или како независен кандидат.