Доктор Пановски препорачува последните две недели од ова полугодие децата да следат онлајн настава


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Очекувајќи го новиот тип на мутација од коронавирусот, сојот Омикрон, и групирањата пред Нова Година, епидемиологот Д-р Никола Пановски препорачува на учениците да им се продолжи зимскиот распуст и последните две недели од првото полугодие да ги следат онлајн.

Пановски вели дека онлајн петицијата на родителите кои бараат тргање на маските на децата или носење по нивна желба во моментов е тотално небитна. Вели ако се почнале со носење на маски од септември нема потреба после да ги вадат.

„Мојот предлог е двете последни недели од првото полугодите децата да одат онлајн, и тогаш нема да разислуваме дали треба или не трба да носат маски. Сега дали 2 недели ќе носат кога носеа цело лето, цела есен е небитно, бито е дали ќе носат напролет. Меѓутоа треба да се види каква ќе биде состојбата со ковидот а за тоа има време. Јас бев затоа да почнат без маски со почетокот на новата учебна година, но кога веќе носат три ипол месеци, не знам што ќе смени ако не ги носат уште две недели. За втрото полугодие ќе видиме каква ќе биде состојбата!

Сега баш заради сите овие работи трба да одат онлајн. Да им се продолжи распустот, чекајќи го овој нов сој. Дополнително многу е ладно времето и не може да се проветруват училниците и затоа треба да одат онлајн.

За напролет ќе видиме. Јас лично сметам дека како што почнале од почеток така треба да се продолжи. Ако почнале со маски нема потреба после да ги вадат“, вели Пановски за Лидер.