Доктор Маја Мојсова Мијовска е прогласена за „жена на годината“ во Македонија за 2021 година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доктор Маја Мојсова Мијовска е жена на годината за 2021 година во државава, Ленче Карпузовска жена менаџер, а Винка Саздова жена со трајни вредности.

Победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2021″ (www.zenanagodinata.mk), беа прогласени денеска на конференцијата „Жени претприемачки”.

На листата со овогодинешните лауреати во изборот „Жена на годината 2021″ се и Букет Геречи во категоријата странец жена менаџер на годината, а Андреа Илоска Симоноска млада жена менаџер на годината (до 40 години). Жена со најголеми достигнувања во културата е Регина Икономовска, во спортот Ирена Дишовска, за општеството – Дина Дума. Жена со најдобар стил е Светлана Црнокрак, а за инфлуенсерка на годината – Елена Стефановска

Посебна награда од организаторите, за жена која континуирано ги поддржува, мотивира и инспирира жените претприемачи, беше доделена и за Лилјана Варадиновска.

Во онлајн номинирањето учествуваа 434 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше жири составено од претставници на медиуми, компании, образовни институции и истражувачки агенции.

Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на „Жена на годината” се Маркетинг 365 и Касиа Евентс.