Доктор Борче Јовчески со убедлива победа во прв круг во Прилеп – ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство и во Советот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа од 6.000 гласа разлика уште во првиот круг го победи неговиот противкандидат од СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.

Голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во центарот на Прилеп и низ улиците ја прославуваа победа на локалните избори.

„Сакам да им се заблагодарам на сите прилепчани кои се одлучија за промени, за нова иднина, не само на градот, туку и на државата. Затоа имам една порака, од утре почнуваме чесно и домаќински да ги реализираме проектите кои ги имаме во нашата програма и ветувам дека од збор до збор ќе го оствариме тоа што е зацртано во следните 4 години“, изјави Јовчески.

Носителот на листата на советници, Дејан Проданоски, информира дека ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 14 освоени советнички места ќе го има и мнозинството во Советот на Прилеп.