Доктор Беќаровски за причесната со исто лажиче: „Кога на 19. јануари ќе ви требаат белите мантили, наместо црните наметки, ние ќе се бањаме“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со јавна реакција и критика на причестувањето на верниците со исто лажиче за Божиќ се огласи д-р Нико Беќаровски, потенцирајќи дека тој чин носи потенцијален ризик за ширење на корона вирусот.

– Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите, напиша докторот на Фејсбук.

Тој иронично додаде дека во ваков случај подобро е да се отворат кафеаните, бидејќи таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.