Доктор Беќаровски прогнозира неконтролиран раст на новозаразени пациенти со Ковид-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преку статус кој го сподели на социјалната платформа Фејсбук, доктор Нико Беќаровски прогнозира дека по пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44 степени Целзиусови, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.

Беќаровски, доктор од Клиниката за токсикологија, давајќи ја својатa прогноза за што ќе се случи со ковид-билансот во текот на месец август, ги повикува здравствените работници и соработници, да ги искористат следниве 10 дена да се разладат во солена/слатка/кисела вода, а потоа им порача: „повторно ќе пливаме во сопствената пот, под скафандерите и маските“.

-Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, истакнува Беќаровски.

Во последните 24 часа имаше зголемување на бројот на заразени во земјава, со 81 ковид-случај и без починати пациенти.