Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Професор д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија на неговиот Фејсбук профил сподели дел од своите доживувања за време на вечерните дежурства.
Доктор Беќаровски вели дека во последниве 12 месеци нема дежурство без предозирани пациенти со кокаин, искомбиниран со скапо виски, пациенти кои пред клиниката најчесто доаѓаат со црни џипови…
„БЕЛО си е БЕЛО, А ЦРНОТО ЌУМУР
Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму.
Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра.
Грам кока, зависно од квалитетот, е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар.
По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите“.