Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обожавателите на култната научно-фантастична филмска франшиза во три продолженија, „Back To The Future“, во Њујорк имаа вистински момент на носталгија кога на црвениот тепих заедно се појавија двете главни актерски ѕвезди од славната трилогија, Док Браун и Марти МекФлај.
80-годишниот Кристофер Лојд му се придружи на 57-годишниот Мајкл Џ. Фокс на добротворниот настан од неговата фондација која ја формираше кога му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.
Но, ова не е прва средба на двајцата актери, која се случи 33 години после првото „враќање во иднината“. Претходно, оваа година, Лојд и Фокс се сретнаа со Томас Вилсон, кој го глумеше Биф, главниот антагонист од трилогијата. Со нив беше и Леа Томпсон, која ја глумеше мајката од Марти.
View this post on Instagram
„Ова беше посебно“, напиша Лојд на неговиот Инстаграм покрај фотографијата која ја сподели.
View this post on Instagram