Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дојде времето и на наградената макфестовска тема на Дани со наслов „Време“! Дојде времето да се погледне емотивната видеоприказна која Дани реши на својата публика да ѝ ја подари токму денес напладне.
„Време“ е моќна балада или, како што вели таа, музичка експресија инспирирана од емотивни реалности во која директно се поставува прашањето дали времето е единствениот лек за болката која сите во животот барем еднаш сме ја доживеале. „Време“ е цел роман во кој се опишани десетици години… „Време“ е песна која останува за навек…
Зад „Време“ стои веќе докажаниот и проверен авторски тандем Весна Малинова-Бабамов, музика и текст, и Киро Бабамов, аранжман. Продукцијата ја потпишува Дејан Момировски и неговото ХХЛ студио.
Видеозаписот, инаку, своевиден уметнички приказ на темата во песната, е дело на уште еден долгогодишен соработник на Дани, Чедо Поповски. Кадрите кои ќе ги видите во спотот се снимени на повеќе локации во и надвор од земјава, а приказната е мошне емотивна како и самата композиција.
И ако баладата „Време“ е цел роман во кој се опишани десетици години, тогаш и вистинско време е 20-те години кариера на Дани да бидат спакувани во солистички концерт кој ќе се одржи во ’ГРАДОТ ЗА ЉУБОВ’ на 7 март. Јубилејниот концерт, што ќе биде своевидно патување низ дводецениската кариера на Дани, ќе се одржи во Македонската филхармонија, а на сцената при изведбата на рок симфонијата ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.