Дојде крајот на наливното масло во грчките ресторани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 1 јануари, 2018 година, во сите грчки ресторани ќе биде строго забрането служење на наливно масло. Оние ресторани кои ќе ја прекршат оваа законска одредба, ќе бидат административно казнети со 500 евра.

Европската комисија пред четири години се обиде да ја забрани употребата на наливно масло во јавните угостителски објекти, бидејќи измамите се огромни. Одлуката беше поддржана од 15 од 27-те земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Грција, но поради големо противење, забраната не беше усвоена.

Сега оваа забрана на грчкото Министерство за финансии му ја предложиле дилери на пазарот за да се обезбеди квалитет на понудениот производ и да се заштитат потрошувачите.

Регулативата предвидува во рестораните да се употребува масло во запечатени шишиња за еднократна употреба. На етикетите мора јасно да е напишано каков е квалитетот на производот внатре. Откако ќе се потроши маслото, шишињата треба да се фрлат, а не повторно да се користат.