Дојде како големо засилување за ЛШ, а заминува после само 6 месеци!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбранбениот фудбалер Луис Хернандез минатото лето пристигна во Лестер како големо засилување, но само после 6 месеци го напушти англискиот шампион и се пресели во Малага.

27-годишниот Шпанец пристигна во редовите на англискиот шампион како слободен играч од Спортинг Хихон, меѓутоа не се снајде во Премиер лигата и одигра само четири натпревари.

Финансиските детали не се познати, но Хернандез денес ги помина медицинските прегледи и официјално стана нов играч на Малага.