Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Зимскиот преоден рок почнува за помалку од еден месец, а веќе сега почна да се шпекулира за можните големи трансфери кои ќе се случат во јануари.
Италијанските медиуми пренесуваат дека големото летно засилување на Милан, Хакан Чалканоглу би можел да го напушти „Сан Сиро“ уште во јануари.
23-годишниот турски репрезентативец не се снајде баш најдобро во Серија А и за сега не пружа партии какви се очекуваа од него.
Чалканоглу оваа сезона има постигнато само 2 гола и 6 асистенции на 19 натпревари, но севкупниот впечаток е разочарувачки.
Медиумите тврдат дека за него се силно зиинтересирани двата најголеми турски клуба, Галатасарај и Фенербахче кои сакаат да го донесат во јануари.
„Росонерите“ за неговиот потпис платија 24 милиони евра, па доколку пристигне приближна понуда се спремни да ја прифатат.