Дојче Веле: Историска грешка, крај на проширувањето на ЕУ или краткорочна криза?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Што значеше актуелната одлука на самитот на европски лидери во Брисел која беше донесена вчера со тоа што не им се додели датум за почеток на пристапни преговори на Македонија и Албанија: Историска грешка, крај на проширувањето или краткорочна криза? Со што се соочија Македонија и другите земји од Западниот Балкан по блокадата на почетокот на преговорите во Брисел?

По 15 години кандидатски стаж на Северна Македонија со десет препораки на Европската комисија за отворање преговори за членство и по петгодишна кандидатура на Албанија и две препораки од Брисел, земјите-членки на ЕУ успеаја да се договорат само околу едно нешто: дека за тоа прашање повторно ќе разговараат во 2020 година, пишува Дојче Веле.

„Тука не се работи за тоа дали овие земји се подготвени да влезат во ЕУ, туку дали ги исполнуваат условите за почеток на преговори. Некои земји членки сметаат дека такви услови нема. Јас мислам дека е тоа историска грешка“, оцени претседателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер.
Залудно Јункер и другите ЕУ институции, претставници на земјите-членки и аналитичарите со денови објаснуваа дека одлуката за почеток на преговори има симболично значење за да се оддаде признание за постигнатото и поттик за натамошниот долг пат кон членство во ЕУ.

„Пораката која Албанија и Северна Македонија, но и Србија, Црна Гора, БиХ и Косово всушност ја добија е дека не се добредојдени што и да сторат“, оценува во разговор за ДВ Александра Штиглмајер од Европската иницијатива за стабилност.

Почеток на крајот на проширувањето на ЕУ?

По завршувањето на самитот, наместо официјално објаснување зошто нема одлука за земјите, кон Балканот беа испратени зборови на жалење, разбирање и поддршка.
За атмосферата по самитот говори и прашањето на прес-конференцијата упатено кон лидерите на најважните институции на ЕУ:
„Дали сме сведоци на почеток на крајот на проширувањето на ЕУ и кои ќе бидат последиците од тоа?“
И додека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, видно вознемирен објаснуваше дека е во прашање само „краткорочна криза, а не и крај на проширувањето“, Јункер одговори:
„Доколку е ова крај на проширувањето ќе мора да се соочиме со остри критики бидејќи ги охрабрувавме тие земји, им помагавме, ги посетувавме и дававме јавни ветувања. Доколку сакаме да не почитуваат ќе мора да ги исполниме ветувањата“, рече Јункер.
Штиглмајер смета дека кредибилитетот на политиката на ЕУ на Западниот Балкан е на историски минимум.
„Ова е апсолутно најниската точка на која се наоѓаме во последните 20 години кога е во прашање политика на проширување“, вели таа.

Заложници на Франција

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер не мисли дека е дојден крај за проширувањето.

„Проширувањето не е мртво, но ќе бара повеќе време и ќе биде пофрустрирачко одошто очекувавме“, вели тој оценувајќи дека проширувањето од „најуспешна политика на ЕУ“ станало „колатерална штета“.

„Блокадата на Франција говори дека тука помалку се работи за конкретните земји кандидати, а повеќе за длабок скептицизам кон проширувањето. Франција го блокираше овој процес спротивставувајќи се на сите други земји-членки покажувајќи подготвебост на една членка да го држи остатокот од ЕУ, но и земјите надвор од Унијата, за заложници на својата агенда. Тоа не е новина, но со овој радикален начин секако не е добар сигнал за иднината на проширувањето“.

Последицата, вели Бибер, ќе биде драматично намалување на мотивацијата на Западниот Балкан.

„Зошто сега Србија и Косово би прифатиле на комплицирана нормализација на односите, зошто натамошни реформи во регионот освен доколку не им служат на политичките елити за нешто друго, а не приближување кон ЕУ? Ќе им биде полесно и на оние кои бараат пријатели на други места и се водат од изговорот ’што може ЕУ да ни понуди’?“