Дојче банк предупредува – „Сопствениците на биткоин може да ги изгубат сите пари“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите оние кои инвестирале во биткоин секогаш треба да ги имаат на ум проблемите со стабилноста, можна манипулација, загуба на податоци или кражба на податоци, вели Маркус Милер, шеф на инвестиции и управување со средства во Дојче банк.

Милер изјави дека Дојче банк, моментално не советуваат да се инвестираат средства во криптовалути. “Ние тоа не го препорачуваме. Тоа е само за инвеститори кои шпекулативно инвестираат. Постои опасност од целосен губиток”, вели Милер.

Според него, неодамнешниот пораст на цените на дигиталните валути се одразува многу на имагинацијата, на актуелната ситуација на пазарот. “За да постанат криптовалутите еден вид на актива потребна е поголема регулатива, безбедност и транспарентност”, вели Милер.

“Важните прашања како што се одговорност и документација се нејасни. Ние сме се уште на самиот почеток од оваа област”, вели тој.

Напоменува дека компаниите кои произвведуаат криптовалути, треба да работат заедно со регулаторите. “Кога ќе бидат утврдени сигурност и доверба, криптовалутите може да се вреднуваат како некој вид на имот. Можно е да се воспостави контрола за пет до десет години од сега”, додава Милер.

Шефот на одделот за инвестиции во Дојче банк, исто така, посочи дека традиционалните пари се поддржани од основната економска сила на земјата и златото.